Придобивките од НЛП Тренинзите за тинејџерои се многу големи за моето дете и лично за мене. Секојдневната примена од сите научени вежби. Техниките се значајни и олеснителни во многу ситуации, како дома така и за на училиште и работа, пред се. Со изучување на НЛП за тинејџери, моите деца многу лесно се справуваат пред се со учењето, во комуникацијата со нивните врсници како и нивното напредување во учество на многу проекти и активности. Сами знаат да постават цели, да ги имплементираат и да ги остварат. Сами си го организираат времето за учење, социјализација и слично. Самодовербата и кај двајцата навистина многу се зголеми, што мене лично мноу ме радува како родител. И јас исто така многу научив од НЛП и за тинејџери и за родители. Мојата самодоверба што во одреден период што дури и ја немаше, сега е на високо ниво, што е супер за мене лично и за моите деца се разбира.
Знаеме сега сите како да се псравуваме со нашите емоции како битна работа и како најдобро да реагираме и одговориме и во најтешки ситуации.
Голема благодарност за се што до сега имаме научено од нашата прекрасна Ирена.
Ти благодарам од срце
Даниела Зимбакова
родител на 2-ца тинејџери
Освестувачки, едукативно и поучно предавање кое ни освестува многу работи што ги правиме секојдневно сами со себе и несвесно ги пренесуваме на нашите деца, а не ни се допаќаат. Имаме желба да ги смениме, но сепак ни е потребна едукација како да го промениме менталниот образец кој што секој од нас го носи од детството.
Освестивме голем дел од работите што ги правиме а не ни се допаѓаат.
Наташа Глигорова
родител на тинејџер 11 год.
Тренингот ми помогна многу во сферата на учењето. Побрзо и полеснo учам без тешкотија. Исто така,можам да ги препознаам полесно карактеристиките на другите околу мене. Научив да не им се лутам на луѓето и едноставно да ги прифаќам такви какви што се, бидејќи сите ние сме различни.
Матеј Зимбаков
дете
Преку тренинзите заедно стекнавме една нова перспектива на животот. Тоа што можеме да го контролираме, го преземаме во наши раце и дејствуваме. Тоа што едноставно не можеме, го отпуштаме од нас. Наместо бурно да реагираме во "тешките" моменти, смирено и со искрен разговор ги прифаќаме. Алатките од тренингот ги користиме во секојдневието, од афирмации до благодарности до методи на дишење. Го препорачувам на секој еден којшто сака да си го преземе животот во свои раце.Да бидеме свесни во секој момент, да реагираме така како што е најдобро во моментот и пред се да бидеме среќни родители за да растеме пред се среќни деца.
Ирена ,Ти Благодарам ❤️
Родител и деца
Кога го посетував тренингот, не знаев колку всушност ќе ми помогне во блиска иднина и колку многу ќе го ценам истиот. Со примена на алатките веднаш добив ново гледиште и ново чувство за животот и за средината во која живеам. Наместо бурно да реагирам, веќе само ги гледав случките низ мојот живот како проаѓаат и не се идентификував со нив. Од тренингот, па се до ден денес, не престанав да работам на себеси. Работата на себе е едно патување кое никогаш не завршува и константно се надоградуваш. Надоградувањето е еден вид супермоќ која ни е дадена од универзумот само на нас луѓето, а токму преку тренингот ни се дадени алатките и упатството, на нас е само да ги примениме и да уживаме на патот.
Тинејџерка
Моите впечатоци се одлични и мислам дека целиот проект оди во вистинска насока и треба да го продолжиме
Љ. Д.
родител
Впечатоците се инспиративни, мотивирачки и позитивни.
М. И.
родител
Работилницата одржана за уверувањата беше едно убаво освестување за тоа колку ние луѓето живееме со нашите уверувања.
Уверувањата што ги имаме од нашие родители, уверувањата од нашите наставници и воопшто околината во која сме живееле и во која сега сме.
Сватив колку мои уверувања влијаат на мене како личност и како родител. Како да ги променам верувањата кои сметам дека не се добри. Како да ги негувам тие кои позитивно се одразиле на мене.
Прекрасно искуство!
Анонимно
Сватив да однесувањето е важно за успех на личноста да бидеш со позитивна енергија и комуникација.
Со детето позитивно однесување и комуникација враќа со прифаќање на моите барања.
Б. Д.
Јас кај мене забележувам многу големи промени во однесувањето, во комуникацијата, самодовербата во себе. Кај моето дете има многу големи промени во однесувањето и во комуникацијата во школо и со нас, има голема самодоверба, го нема стравот во себе.
И. Д.
Прекрасни впечатоци со позитивна енергија од личноста која ја води програмата!
А.З.
Научив како да го мотивирам детето за да постигне подобти резултати.
Б. З. Д.
Промените кај децата се големи и кај двете, зависно нели од нивната возраст. Знаат, научија да ги постават своите цели и се мотивираат за нивното остварување.
Анонимно
Забележувам подобра комуникација и подобар успех во училиште.