За Ирена

Добредојдовте

Јас сум Ирена Д.Христовска, единствен сертифициран и лиценциран НЛП Тренер за млади и родители, Mindfulness Intensive In-Me Trener, BPsychocho Coach ICI, едукатор, автор.

Својата професионална кариера ја започнав во 1997 год. пред околу 3 децении, како професор по одделенска настава во неколку основни училишта. Како наставник во формалното образование работев 21 година. 

Бев ментор на стажанти, приправници и студенти од катедрата за Педагогија и Педагошкиот факултет. Обучив голем број наставници и стручни соработници преку проекти организирани од училиштата, МОН и БРО (UNICEF, USAID, Erazmus+). Како ментор на ученици се стекнав со многубројни награди и признанија за постигнувањата на децата и тинејџерите на бројни натпревари (повеќе награди во областа на литературни творби, математички и ликовни натпревари, глума, како и награди за музички изведби).
Во меѓувреме завршив магистерски студии за комуникации и медиуми и истражував за експанзијата на турските серии и недостатокот од образовни-едукативни емисии за деца и млади.
Секогаш работам и живеам за она што ме исполнува и ме прави среќна. Кога ќе се изгубат смислата и целта, јас заминувам. 

Единствена КОНСТАНТА во природата е ПРОМЕНАТА.

Биографија


Во 2018 го напуштив формалното образование и целосно се посветив на неформалното образование.
Во 2017 го основав Здружението за справување на личноста со општествените предизвици СЛОП-Пенсатори, каде бев и претседател. Таму искреирав и реализирав многу обуки и едукации за наставен, стручен и раководен кадар, како и за деца и родители. 

Учествував (во тим и самостојно) во истражувања, обуки, семинари, многубројни едукации кај нас и во странство. Во текот на работата во училиштата вршев истражувања во областа на комуникациите, интерперсоналните односи и интересите на децата, предностите и недостатоците на традиционалната настава и потребите од промении на современата настава, како и приоритетите на родителите во процесот на образованието на децата.

Автор сум на Програмата Творештво https://www.scribd.com/doc кога за прв пат се воведе деветгодишното образование, Интерперсоналната комуникација во современиот воспитно-образовен систем, Меѓу турските програми и образовните емисии – што бираат децата (истражувачки и магистерски труд). Кога кај нас
започна проектот на Кембриџ, ништо не примив „здраво за готово“ туку истражував за Програмата, врз основа на што се појавив како автор на тема „Кембриџ треба да се прилагоди на возраста на учениците“ на академскиот блог, при Институтот за комуникациски студии.


Веќе 14 години сум едукатор за наставници и стручни соработници, родители, деца, млади.
Во 2016 го основав здружението СЛОП Пенсатори, за потоа да отворам и приватен центар за едукација од каде го започнав и мојот пат во приватните претприемачки води.
Тука се отвори патот на самостојно реализирање и организирање на семинари и обуки за наставници кои се неконвенционални и се однесуваат на личниот и професионален развој на личноста на наставникот, едукаторот,стручниот соработник во училиштата. Преку мојот широк истражувачки опус во наставата, ги
согледувам недостатоците и за жал ригидноста на воспитно-образовниот систем, неговите долгорочни последици кои може да се јават и се насочувам кон решенијата. Токму поради тоа се насочив на обуки на наставниците и стручните соработници, бидејќи тие се личностите кои се секојдневно со децата и
тинејџерите. Сметам дека наставникот (педагогот, психологот) треба да бидат модел и инспирација на децата и тинејџерите. Затоа самостојно се посветувам и инвестирам во своето неформалното образование кај нас и во странство.

Поминав навистина голем број на едукации, семинари, обуки, како за личен развој, така и во областа на HR, претприемништво, бизнис, дигитален маркетинг и се што го следи новиот тек на времето.

Бев фасцинирана како будно ги следев промените кои ми се случуваа со промена на мислата, емоцијата. Едноставно работите сами ми се отвараа. Уште од 2001 година се едуцирав за моќта на мислата, која ја проучував и живеев. Барав научна поткрепа со методологија која ќе ми овозможи издржано НЛП алатките да ги имплементирам во мојата ппрограма и да им помогнам на младите уште од мала возраст свесно да се насочуваат на тоа што резонира со нив. 

Така во 2018 се сертифицирав како НЛП Practitioner IANLP. Тоа беше комуникациски, бизнис модел и продажба, а јас бев жедна и желна да им помогнам и на родителите и на младите. Истражувањата ме однесоа во Лондон каде се применува и во терапија НЛП. Лично Србија ми беше поблиску и Тренерскиот НЛП за млади и родители го завршив во Србија.
Таа е сертифициран Public speaking&life couch, Points of You practitionar (tools&faces), NLP practitionar, НЛП мастер едукатор за деца и тинејџери.

Вложувам преку 10.000 часови во тренинзи, предавања, семинари, научни симпозиуми и конференции во областа на психологијата, коучингот, личниот и професионалниот развој, како и мастер програми за развој на сопствената автентичност.

Магистер сум по политички науки - комуникации и медиуми и еден од авторите на прирачникот за родители за медиумска писменост „Дигиталниот свет на генерација Алфа“. Мастертренер за наставници, професори, родители за медиумска писменост во Македонија.
Автор сум и на тренингот за деца/тинејџери и родители „Ви благодарам – јас успеав“, кој е првиот ваков тренинг кај нас. Тренингот дава одлични резултати. Следејќи ги светските истражувања и резултатите добиени со примена на НЛП техниките кај децата и младата популација, ја воведов НЛП методологијата и ја
дополнив-проширив програмата.

Мајка сум на три ќерки кои веќе се возрасни и успешни во својата област за која самите имаат донесено одлука да ја изучуваат, студираат и работат. Секоја од нив го живее својот сон. Најголемиот успех во мојот живот е воспитувањето на ќерките.
Токму затоа сметам дека родителот/семејството е базата која е особено важна за растот и развојот на децата. Ако нема стабилна база-основа, објектот нема да биде издржлив и одржлив. Затоа НЛП Тренинзите се креирани.

Стекнав лиценца за меѓународен професионален коуч , како и акредитирани
меѓународни НЛП, Coach и Mindfulness Trainer сертификати од водечките европски асоцијации.
Во индивидуалната и групната работа со луѓе применувам иновативни, ефикасни и научно признати методи за личен и професионален развој, засновани на NLP, Mindfulness и коучинг, особено Психокоучинг.
Поседувам тренерско искуство во областите на комуникација, личен развој и промена, успех, NLP, коучинг, Mindfulness.

Секогаш сум го работела и живеела она што ме исполнувало и ме правело
среќна. 

Референци


1996 - канцелариски менаџер, Австрија, РД Импекс
1997 - професор по одделенска настава
2010 - Наставнички едукатор на територијата на Македонија
2017 година - Претседател, воспитувач и тренер во Здружението на граѓани за развој на лични вештини
за управување со општествени предизвици СЛОП ПЕНСАТОРИ, Скопје

2018 - Автор на Програмата за работа со деца и родители - Ви благодариме, мамо и тато, успеав
(развивање вештини со НЛП)

2018 - соработник во Академијата за тренери за деца за живот и мрежа за поддршка за обука за деца
2018 - Life coach, Couching Ars Lucida Training&Coaching, NLP Practitioner & Points
на вие Практичар (алатки и лица) Здружение SLOP PENSATORI

2017 - Едукатор, обучувач на говорници за наставници, родители и деца
2020 - Сопственик и управител на едукативниот центар „Хепи Кидс МАКСИ“
2020 година- Носителот на лиценцата и франшизата за Хелен Дорон Англиска методологија, менаџер
2021- Професионални преводи, лекторирање и критики за книги и работни книги за TinkerLabs,
Хрватска''Македонија

2022 - Државен мастер обучувач, обучувач на наставници и професори за медиумска писменост
на ниво на Република Македонија, Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС

2023 - NLP тренер за млади и родители, проект INVICTU
2023 - Автор на прирачникот за медицинска писменост за родители „Генерација Алфа“
2024 - Стручен консултант - Smart Up
2024 - Енергетска пракса, Космички пораки - 6 месечни работилници за полна месечина -Енергетска психологија, Keplerunited, Јоханес Кеплер
2024 Basic Psycho Coach - ICI Berlin, Dr. Весна Даниловац
2024 Mindfulness Intensive Trainer - „IN-ME“ Берлин, Др. Весна Даниловац
2024 Детокс на душата - Др. Весна Даниловац
2024 Mindfulness Intensive In me, „IN-ME“ Берлин, Др. Весна Даниловац
2023 Бизнис алхемија, дигитален маркетинг, Србија
2023 Краниосакрална терапија, Здружение Реики, Македонија
2023 Обучувач на наставници YouThink, медиумска писменост, IREX и Институт за медиуми istra\ivawa, Мастер тренер на Македонија за наставници, професори и деца 
2023 НЛП мајстор за работа со деца и тинејџери
2023 Тренер НЛП обука за деца, тинејџери и родители, НЛП тренер стекна статус и професија, НЛП за млади, Ива Павловиќ Пушица НЛП тренер / коуч Србија
2022 Ослободете ја моќта внатре, Тони Робинс (4 дена онлајн семинар)
2021 Асертивност во комуникацијата, Нашиот ум, д-р Слаѓана Ангелоска
2021 Развој на емоционална интелигенција, проф.д-р. Стејт Ана Фричанд Универзитет-Психолошки факултет
2021 Одврзување токсични врски, м-р Билјана Пешева, меѓународен словенски Универзитетот
2021 Актуелно овде и сега - анксиозност и како да се управува со неа, здружение Ајнштајн
2021 Избор на партнери низ призмата на семејната психологија, проф.д-р. Дијана Меѓународен Славјански Универзитет Белевска
2021 Предизвици во образованието и родителството на надарени деца, Доц.Д-р. Горица Поповска Нелевска, Меѓународен Славјански Универзитет
2021 Емоционална писменост, Меѓународен Славјански Универзитет
2021 Играчка терапија“ - проф. д-р Оливера Рашиќ Цаневска, Здружението на психолози Ајнштајн
2021 Аутизам, мистериозниот предизвик на 21 век, Македонска медицина Студентско здружение
2021 Управување со стресот во приватна и професионална средина, Факултет за психологија, Славјански универзитет
2021 Стравови и идентитет, д-р Ана Чучкова, Психолошки факултет, Славјански Универзитет
2021 Бизнис модел Платно, Летна школа за лидерство, меѓународен словенски јазик Универзитетот
2021 Креативен и иновативен потенцијал на лидерската функција, Летна школа за лидерство, Меѓународен Славјански Универзитет
2021 Маркетинг и лидерство, Летна школа за лидерство, меѓународен словенски јазик Универзитетот
2021 Рефлексија на спиењето на потсвеста, Меѓународен Славјански Универзитет
2021 Смеата како терапија, Меѓународен Славјански Универзитет
2021 Емоционална рамнотежа со помош на моделот ABC, доцент Слаѓана Ангелоска, Меѓународен Славјански Универзитет
2020 Кундалини Реики – Реики Здружение, Македонија
2020 Ангел Реики, Здружение РЕИКИ, Македонија
2020 NLP Master - NLP Center Atria & Sensum
2019 Женско лидерство, Сенсум, Зорица Поповска – NLP Master Trainer & Coach
2019 Автентично лидерство - НЛП Центар Sensum
2019 NLP Practitioner – International Association of NLP Institutes and NLP Центар Белград (невролингвистичко програмирање), EANLP, NLP Center Atria и Сензум
2019 Points of You faces (психо – практичар) - Inspirit Couching
2018 Points of you Practitioner (Креативни алатки за обука и развој) –Инспирирано дружење (Points of Yoy практикант, статус вокација)
2018 Usui Reiki – Ars Lucida couching&training, Скопје, Елена Ашвини Антоновска
2018 Јавно говорење @LIFE COACH, Ars Lucida, Coaching&Training, Master тренер, Елена Ашвини Антоновска Ериксон Колеџ, Белград