ШТО Е НЛП?
НЛП (Невролингвистичко програмирање) е практичен пристап за разбирање како размислуваме, чувствуваме и се однесуваме – и како тоа можеме свесно да го промениме. Преку конкретни техники, НЛП ни помага да ја подобриме комуникацијата, да ги надминеме внатрешните блокади и да изградиме посигурна и пофокусирана верзија од себе. Тоа е алатка за личен раст, која не останува само на теорија – туку се применува веднаш, во секојдневието.