КАКО ДА ПОСТИГНЕТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ 

ДА ИМА САМОДОВЕРБА

онлајн работилница за родители


Дата

12 јануари 2024

Времетраење

18:30 - 21:00 часот

Цена

2000 денари


Детето, велат не се раѓа психолошки отпорно или неотпорно. Тоа е вештина, поточно збир на вештини и техники кои се стекнуваат и се учат. Во стекнувањето на тие вештини, родителот може многу да помогне.

Постои една изрека која вели: „Не барај потежок товар, туку посилни раменици“. 

Во животот не можеме да ги избегнеме тешкотиите , ниту пак можеме да го заштитиме своето дете од тоа да доживее неуспех. Во животот го чекаат интересни работи, предизвикувачки настани, успеси, (не)успеси како и повремени разочарувања.

Колку живете поисполнет живот, толку повеќе ќе има и повремени болни мигови.
Целта на растот и развојот во животот не е да ги избегнуваме неуспесите, туку да научиме како да им пристапиме. Не стравуваме ние од идните случувања како такви, туку ние стравуваме од нашата реакција на нив.

Дали некогаш сте се запрашале, колкава и каква е вашата самодоверба како родители? Дали и колку си верувате на самите себе? 

Колку вие верувате на децата/тинејџерите?

Некои велат дека самодовербата се стекнува, не е вродена. А јас ќе ве прашам...колкава е таа сила, храброст...како сакате наречете го тоа кога детето од 10 или 12 месеци проодува? 

Дали е тоа храброст, верување во себе или што? Тоа е безрезервна самодоверба на родителот кон детето, која се рефлектира и на сигурноста и самодовербата на детето.

Повикани се сите родители да се придружат на работилниците за родители и да научат како да им помогнат на своите деца да стекнат вештини кои ќе им помогнат да се изградат во здрави личности.

Велат, на сите животот ни дава лимони, дојдете да правиме лимонада!😀


На работилниците ќе се запознаете со:

  • Што е самодоверба?
  • Зошто е важно да ја негуваме самодовербата од мали нозе?
  • Кои се знаците на здравата и нездравата самодоверба?
  • Како родителите можат да помогнат во развојот на самодовербата
  • Техники кои го поддржуваат развојот на здрава самодоверба

ПРИЈАВИ ГО СВОЕТО УЧЕСТВО

од нас ќе добиете повратно инфо со детали 

За Ирена Христовска

Професор/ментор со 26 годишно работно искуство во работа со деца, тинејџери и родители во формално и неформално образование.

Мајка на три ќерки кои веќе се возрасни и успешни во својата област за која самите имаат донесено одлука да ја изучуваат, студираат или работат.

Секоја од нив го живее својот сон.

Токму затоа сметам дека и родителите се многу важен фактор и поддршка во растот и развојот.


За Инвикту

Инвикту е основано во 2016 година како СЛОП Пенсатори. Основач на Инвикту е Ирена Христовска, со цел да ги имплементира знаењата и искуствата од богатото портфолио и да им помогне на децата, тинејџерите, родителите, наставниците и стручните соработници и да го откријат својот потенцијал и да биде нивна поддршка на патот до успехот.

НЛП методологијата го овозможува токму тоа што го сакате.