ПРИЈАВИ ГО СВОЕТО УЧЕСТВО

НЛП тренинг за тинејџери од 11 до 15 години


Подгответе ги вашите тинејџери за сите предизвици на современото живеење и дајте му голема предност во креирањето на успешен и исполнет живот.

Уникатен концепт на динамични тренинг-работилници и едукација за тинејџери кои вклучуваат НЛП алатки и техники, литерални и вистинити приказни со многу метафори и водени дијалози за најактуелните теми и предизвици од семејниот, училишниот и социјалниот живот. Тренингот за тинејџери е систем на поддршка, систем на визии за среќно и свесно живеење.

НЛП тренинзите придонесуваат за здрав развој на емоционална, интелектуална, социјална интелигенција.

Тренингот НЛП опфаќа вкупно 6 модули.

Секој модул има посебна тема во траење од 1(еден) месец.


Тренингот НЛП е прилагоден за тинејџери од 11 до 15 годишна возраст. Овие едукации се осмислени со цел да го стимулираат развојот на личноста на тинејџерот и помош во формирање на неговиот идентитет, да го истакнат сиот потенцијал и неограничените ресурси кои ги носи секој од нас.

Секој модул има посебна тема во траење од 1(еден) месец.
Се одржува секоја сабота, онлајн на платформата ZOOM, во траење од 4 (цетири) месеци.

НЛП и техники на супер учење
НЛП и умствени мапи
Самодоверба и комуникација со НЛП
Мотивација и емоционална интелигенција
Сертификација (јавен свечен настан)


Се работи во мали групи до 10 учесници.

Помеѓу тренинг-работилниците со тинејџерите одржуваме практична сесија - вежби во траење од 1час.

Денот на одржување го договараме според активностите и ангажманот на учесниците во групата.

На крајот на секој модул одржуваме средба со родителите како евалуација за стекнатите знаења и дискусија за промените.


ШТО ОПФАЌААТ НЛП МОДУЛИТЕ


МОДУЛ 1: НЛП и техники на супер учење

МОДУЛ 2: НЛП и умствени мапи

МОДУЛ 3: Самодоверба и комуникација со НЛП

МОДУЛ 4: Мотивација и емоционална интелигенција



ТИНЕЈЏЕРОТ СО НЛП ТРЕНИНГОТ ЌЕ ДОБИЕ


СЕРТИФИКАЦИЈА

Во последниот, четри модул, ги интегрираме стекнатите знаења и вештини. На тинејџерите им станува уште појасно како можат да го применат она што го научиле и што можат да постигнат со оваа програма во секојдневниот живот.

По завршувањето на едукацијата секој тинејџер добива сертификат за успешно завршена НЛП обука за тинејџери по тестирањето.


За да се добие сертификат, го тестираме нивото на знаење и вештини практично и писмено. Потоа, секој тинејџер и родител добиваат повратни информации за тоа колку успешно е совладана програмата. На крајот на обуката, продолжуваме да ги поддржуваме тинејџерите да продолжат да ги применуваат стекнатите знаења и вештини во пракса. Сите споменати теми се опширно опфатени, демонстрирани и практикувани за време на обуката, па затоа е потребен минимален дополнителен ангажман пред сертификацијата.